За нас
Штедилницата Младинец е мала флексибилна финансиска институција која секогаш спремна и отворена за соработка заради потребите на граѓаните и малите и средни претпријатија. Таа е најстара штедилница во Република Македонија. Формирана е на 11.01.1991 година како Штедно-кредитна задруга Младинец и во текот на 1993 година согласно Решението од НБРМ се пререгистрира и го менува називот во Штедилница Младинец.
Согласно со дозволата за основање и работа издадена од гувернерот на Народна банка на Република Македонија Штедилницата може да ги извршува следните работи: штедење, кредитирање и економско-финансиски консалтинг. Во моментот таа ги обавува следните финансиски активности штедење, кредитирање и економско-финансиски консалтинг.
Во Штедилницата се вработени четири лица од кои едно е Д-р, две во ВСС и едно е со ССС. Во истата функционираат следните органи: Единствен содружник, Служба за внатрешна ревизија и управител.
Единствениот основач на Штедилницата е г-дин Владимир Наумовски од Скопје кој е доктор по економски науки од областа на монетарната економија. Господинот Наумовски има големо работно искуство во разни сфери на банкарството и економијата, автор е на повеќе стручни дека од доменот на банкарството и осигурувањето, а зад себе има голем број раководни функции на државно ниво. Почетниот капитал на Штедилницата изнесува вкупно 10564 илјади денари, а претствавува вложување на единствениот содружник, а се состои од запишаниот основен капитал/основна главница во трговскиот регистар со Решение Трег.бр. 3349/05 од 01.06.2005 година во исноз од 10.056 илјади денари и дополнителниот влог согласно Одлуката за зголемување на основната главница бр. 93/1 од 09.11.2006 година во износ од 508 илјади денари. Сопствените средства на штедилницата се состојат од почетниот капитал од 10564 илјади денари и резервите кои според последните податоци изнесуваат 6731 илјади денари. Според последните податоци капиталот потребен за покривање на кредитниот ризик од билансната актива изнесува 3142 илјади денари.
Се надеваме дека и Вие ќе ни се приклучите и ќе бидете дел од нас.