Услуги
Штедење – Сите штедни влогови во Штедилницата Младинец, согласно законските одредби се осигурани во Фондот за осигурување на штедни влогови. Штедилницата прибира краткорочни и долгорочни штедни влогови. Каматата на орочените влогови во зависност од желбата на штедачот се исплатуваат месечно или на крај на договорениот период. За депонираните влогови, во зависност од периодот на орочување, Штедилницата ги исплатува следните камати: За депозит орочен на 6 месеци 8%; за депозит орочен на 12 месеци 9%, и за депозит орочен на 24 месеци 10,5%.
Кредитирање – Штедилницата одобрува краткорочни и долгорочни кредити на физички и правни лица. Кредитите се одобруваат со амортизационен и без амортизационен план. Краткорочните кредити се даваат за период од 1 месец до 12 месеци, додека долгорочните кредити се одобруваат за период од 100 месеци. Сите кредити во Штедилницата се ненаменски. Штедилницата пресметува надомест за процесуирање и менаџирање по однос на кредитно работење. Висината на каматата и надоместокот се променливи. Според последните податоци годипната стапка на вкупните трошоци на кредитите со амортизционен план изнесува: За кредити до 12 месеци од 12,68% до 29,81%; за кредити до 100 месеци од 12,67% до 34,47%.
Според последните податоци годишната стапка на вкупни трошоци на кредитите без амортизационен план (од 1 до 12 месеци) изнесува од 12,78% до 29,87%.
Потребни документи за физички лица: Лична карта, Административна забрана, 2 жиранти и меница. Потребни документи за правни лица: Регистрација, Меница, Завршни пресметки за последните 3 години.
Репрезентативни примери на амортизациони планови кој вклучуваат износ, број и редослед на плаќања за главница, камата и надоместок можете да добиете во просториите на Штедилнциата.
Економско-финансиски консалтинг – Штедилницата дава консултантски услуги, изработува елаборати, инвестициони програми, бизнис планови, анализи и слично. Програмите и анализите се изготвуваат според методите на Светска банка, Европската банка за развој и реконструкција и Македонска банка за поддршка на развојот. За потребите на економско-финансискиот консалтинг Штедилницата има оформено консултантски тим од докажани стручни лица од сферата на економијата, банкарството, аграрот, технологијата, енергетиката, правото, маркетингот и сл.